Кои се најсекси туристички дестинации според Инстаграм?

Има безброј прекрасни туристички дестинации на светов. Некои од нив се популарни и откриени, некои од нив се сокриени од очите на светот и не се толку забележливи од прв поглед.

Веб страната за докторски и фармацевстки услуги Superdrug Online Doctor неодамна направија едно мало истражување со цел да откријат кои се најсекси туристички места на светот.

Откако ги истражувале архивите на Инстаграм и ги набљудувале хаштазите и локациите каде се сликани сликите, тие успеале да откријат кои се местата каде луѓето најчесто се чувствуваат секси, опуштено и среќно и воедно се расположени за да ставаат секси слики на Инстаграм.

Веруваме дека нема да биде изненадување што повеќето места на оваа листа се егзотични дестинации со прекрасни погледи, топло време, прекрасни луѓе и воодушевувачки плажи.

Погледнете ја листата:

1 . Монако
2. Сејнт Мартин
3. Девствените острови
4. Аруба
5. Малдивите
6. Обединети Арапски Емирати
7. Кипар
8. Сејшели
9. Исланд
10. Куракао
11. Бахами