Кои се најрасипаните луѓе на светот: Ладни како смрт, остри како жилет?

Меша Селимовиќ бил еден од најдобрите познавачи на ликовите и менталитетот на народите од Балканот. Тој пишувал за нас без стегање и срам, пишувал баш онака како што нѐ гледал, а сите наши доблести и маани ги забележувал потполно отворено.

Меша Селимовиќ во една прилика рекол: Кој ќе ја промаши љубовта, тој го промашил и животот!

Малку се луѓето кои толку добро и вистинито го опишале карактерот и карактеристиките на народите од овие простори. Покрај Иво Андриќ, тоа секако бил и Меша Селимовиќ.

Пред околу половина век, тој дал свое мислење за улизувачите. Овој запис и после 50 години звучи актуелно и болно вистинито.

„Улизувачи – тоа за мене се најлошите луѓе на светот, најштетни, најрасипани.
Тие ја поддржуваат секоја власт, тие и се власт, тие сејат страв без милост, без никаков обзир, тие се ладни како мраз, остри како нож, како кучиња се верни на секоја држава, како проститутки се неверни на секој поединец, тие се најмалку луѓе од сите луѓе. Додека постојат тие, нема да има среќа на овој свет, затоа што тие ќе уништат сѐ што е вистинска човечка вредност.“