Кои се најдобрите начини да го заштитите вашиот имунитет?

Една од ретките добри работи кои ни ги донесе годинава е можноста малку повеќе да се занимаваме со нашето здравје и повеќе да размислуваме за него. Една од темите со кои дефинитивно треба да се занимаваме и за кои треба да се интересираме е заштита и зајакнување на имунитетот, како би можел организмот полесно и самостојно да се брани од различни вируси и бактерии.

Понекогаш зајакнувањето на имунитетот звучи поедноставно отколку што навистина е, затоа што за да го зацврстиме организмот неопходно е да се променат некои животни навики, а секогаш е полесно да се одлучи, отколку да се спроведе.

Од таа причина, денес ви даваме неколку совети кои можете лесно да ги примените и кои сигурно ќе ви помогнат да имате подобар имунитет.

Спијте! Спијте! Спијте!

Верувале или не, но спиењето и имунитетот се неверојатно поврзани и не одат едно без друго. Еден куп истражувања покажаа дека луѓето кои помалку спијат и кои имаат неквалитетен сон се поподложни на болести. Соодветниот одмор го зацврстува вашиот природен имунитет и затоа потрудете се на својот организам да му овозможите добар сон.

Јадете повеќе здрава храна

Овошје, зеленчук, јаткасти плодови, итн., се многу важни во борбата против штетни материи и го зајакнуваат имунитетот.

Внесувајте повеќе здрави масти

Здравите масти се наоѓаат во маслиново масло, чиа семки или лосос и многу добро му доаѓаат на вашиот имунитет, односно му помагаат на организмот подобро да реагира на патогените кои предизвикуваат воспаленија. Иако воспаленијата се нормален одговор на организмот, хроничните воспалувања можат да го уништат имунитетот. Баш од таа причина, важно е да внесувате здрави масти.

Внесувајте ферментирана храна и пробиотици

Ферментираната храна е богата со добри бактерии кои се нарекуваат пробиотици и кои го подобруваат варењето. Тоа е храна како: кисела зелка, јогурт, кефир. Истражувањата покажуваат дека колку повеќе обрнувате внимание на цревната флора, толку посилен имунитет ќе имате.

Намалете го нивото на шеќер кое го внесувате во организмот

Како што сигурно знаете, ако премногу конзумирате преработени шеќери, поголем е ризикот да имате вишок килограми, но и и разни болести. Секако, не мора сосема да се откажете од шеќер, но внимавајте колкава количина внесувате. Сè што е претерано не чини.

Вежбајте!

Најприроден и најдобар начин за зајакнување имунитетот е вежбањето. Физичката активност го одржува и зајакнува телото и има еден куп други поволности за вас. Доволно е секој ден да пешачите по малку, да возите велосипед или да правите вежби дома. Ќе се чувствувате поубаво и дефинитивно ќе бидете поздрави!

Не заборавајте да пиете вода!

Водата е многу важна за општата состојба на организмот. Ако не внесувате доволно течности, тоа може да влијае врз концентрацијата, да предизвикува главолка и многу други, уште посериозни проблеми. Не заборавајте секој ден да пиете доволно количество вода.

Држете го стресот под контрола

Ова е совет кој во ова време сигурно е најтешко да се примени, бидејќи живееме во време кога стресот ни е секојдневие. Долгорочната изложеност на стрес може да предизвика тешки проблеми и значително да го наруши имунитетот. Тешко е целосно да се отстрани стресот од нашите животи, но обидете се да го држите под контрола. Најдете некое хоби кое ве опушта, водете дневник, медитирајте или зборувајте со некој.