Балансираната исхрана која содржи квалитетни минерали и витамини е клучна за нашето здравје.
Photo by logan jeffrey on Unsplash
Меѓутоа, важно е да знаеме која храна ги содржи значајните количини на одреден витамин или минерали, за да го избегнеме недостатокот. Иако суплементите помагаат, сепак најдобро е витамините и минералите да се внесуваат преку исхраната.
Зошто е важен витаминот Б?
Овој витамин е корисен за правилно функционирање на клетките кои се дел од сите органи во телото. Освен тоа тој придонесува за создавање на енергија во телото, како и пренос на есенцијалните хранливи материи во телото. Кога зборуваме за витаминот Б, мислиме на збирот витамини кои делуваат заедно. Тоа вклучува:
Кои се најдобрите извори на овие витамини?
Тиаминот помага во регулација на апетитот истовремено придонесувајќи за подобрување на метаболичката функција. Може да се пронајде во свинското месо, шунката, богатите житарици, грашокот, јаткастите плодови и пченичните никулци.
Рибофлавинот придонесува за здрава кожа. Тој може да се добие од млечните производи, но и од спанаќот, поголем дел од зелениот лиснат зеленчук, како и рибата, пилешкото, јајцата и житариците од цело зрно.
Ниацин е витамин од Б комплексот кој поттикнува правилно функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Тој дава енергија, а може да се најде во лососот, туната, пилешкото месо, кикириките и тестенините.
Пантотенската киселина е важна за правилен развој и функционирање на ензимите. Најдобар извор на оваа киселина се авокадото, јогуртот, како и грашокот, брокулата и слаткиот компир.
Пиридоксинот, односно Б6, претставува витамин кој е важен за создавање на црвените крвни зрнца и притоа придонесува за здрава циркулација. Може да се најде во школките, зелениот лиснат зеленчук, бананата, компирот и житариците од цело зрно.
Биотинот нуди многу предности за кожата, а особено е добар за поттикнување на здравата коса и кожа. Може да се најде во жолчката, црниот дроб, лососот и авокадото.
Фолната киселина е значајна за одржување на здравиот плод во бременоста, како и здравјето на црвените крвни зрнца и подобрување на нервниот систем. Може да се најде во зелениот лиснат зеленчук, но и пченицата.
Витамин Б12 помага во создавање на црвени крвни зрнца, а со тоа и подобро функционирање на нервниот систем и развојот на ембрионот. Тој е присутен исклучиво во продуктите од животинско потекло, како што се говедското, свинското и пилешкото месо, а може да се најде и во рибата и школките.