Кои се најчестите симптоми за недостаток на витамини и минерали?

Постојано сте уморни и имате проблем да се разбудите? Се разболувате ли често? Имате чести главоболки?

Причините за ова најчесто лежат во  слабото и ретко конзумирање витамини, што на долг рок предизвикува различни проблеми во функционирањето на нашиот ум и тело.

Ова се најчестите симптими

Постојан замор

Дефицит: железо

Други симптоми: слаба концентрација, слаб апетит, бледа кожа, темни кругови околу очите.

Се препорачува дневна доза од 14.8 мг за жените и 8.7 мг за мажите.

Железото помага во создавање црвени крвни клетки. Компонента е хемоглобинот, кој го пренесува кислородот во телото.

каде може да се најде : црвено месо, јајца, зелен зеленчук. Витаминот Ц помага во апсопрција на железото, па препорачливо е да се конзумира сок од портокал или лимон со јадењето или суплементи од овој витамин.

Чешање на кожата

Дефицит : Цинк

Други симптоми :  слабо крварење од раните, бели траги на ноктите

Препорачаната дневна доза на цинк е 7 мг за жените и 9.5 мг за мажите

Цинкот помага во создавање нови клетки и ензими, па е многу важен за лечење на раните. Исто така, научниците го поврзуваат со здравата сперма.

Според истражувањата 1/3 од светката популација има недостаток од цинк, а тоа особено се однесува на децата и тинејџерите кои имаат слаба исхрана, трудници и постари личности.

Каде може да се пронајде: Цинкот може да се најде во говедското, рибата, јаткастите плодови, житариците, бананата, авокадото, карфиолот, краставиците, слаткиот компир, спанаќ и немасните млечни производи.

Воспалување на јазикот

Дефицит : Рибофлавин (Б12)

Други симптоми: сувост и пукање на кожата околу устата и носот

Препорачаната дневна доза од овој витамин е 1.1 мг за жение и 1.3 мг за мажите.

Витаминот Б12 е важен за кожата, очите, нервниот систем.

Каде може да се пронајде: Млеко, јајца, житарици.

Болка во нозете и грбот

Дефицит : Витамин Д

Други симптоми: Болка во колковите, кревки коски

Витаминот Д помага во развивање на коските и апсорпција на калциумот во цревата и затоа е важен за здравјето на имунолошкиот систем.

Кому е потребен : На сите личности, а особено на малите деца и постарите жени.

Каде може да се пронајде: Највеќе витамин добиваме преку изложување на сончевата светлост. Дваесетина минути на сонце се доволни за тоа.

Чести инфекции

Дефицит : Селен

Други симптоми : Чести разболувања

Препорачаната дневна доза за селен е 75 мцг за мажи и 60 мцг за жени.

Селенот е важен бидејќи го чува здравјето на имунолошкиот систем, ги штити клетките од оштетување и може значајно да помогне во борба против рак. Тој е важен и за плодноста на мажите, а неговиот недостаток може да доведе и до лош квалитет на спермата.

Каде може да се пронајде: Дневната препорачана доза на селен можеме да ја најдеме во 7 бразилски ореви.

Чести промени во расположението

Дефицит : Магнезиум

Други симптоми: раздразливост и главоболки

Препорачаната дневна доза за магнезиум е 300 мг за мажи и 270 мг за жени.

Потребен ни е поради тоа што храната која ја внесуваме во организмот ја претвора во енергија, но осигурува и здравје на забите и коските, но и регулација на телесната температура.

Потребен им е на сите,  а особено на жените  и постарите личности.

Каде може да се најде: бадеми, интегрален леб, спанаќ