Кои се најчестите причини за раскинување?

Доколку вашиот дечко раскинал со вас, а притоа не ви дал причини, треба да знаете дека сигурно се работи за некои од причините наведени подолу.

Раскинувањето никогаш не е лесно, особено доколку од својот партнер не чуете јасна причина поради кои ја прекинува врската. Многумина по раскинувањето остануваат во недоумица и се прашуваат каде погрешиле.

Доколку може да им се верува на мажите постојат 10 причини поради кои се подготвени веднаш да ја прекинат врската, а притоа да не ви дадат логично објаснување, затоа што во нивната глава се подразбирало дека ќе ги почитувате овие „правила:

  • Не сте слушале што тој сака и планира
  • Премногу сте се потпирале на мислењето на вашите другарки
  • Сте дозволиле фамилијата да се меша во вашата врска
  • Премногу сте го гушеле
  • Сте се однесувале со него како да е дете, а не возрасен човек
  • Не сте му обрнувале доволно внимание во кревет
  • Сте престанале да водите сметка за вашиот физички изглед
  • Постојано сте му префрлале за нешто што одамна се случило
  • Сте почнале пречесто да зборувате за брак и деца
  • Пречесто сте зборувале за поранешниот дечко.

Секако, никој нема веднаш да ве остави доколку направите некои од овие „грешки“. Меѓутоа ако пречесто ги повторувате или имате обичај да правите некои од овие работи во пакет, тогаш треба да ви биде јасно зошто се одлучил за прекинување на вашата врска.