Кои се можните сценарија, ако омикрон стане доминантна мутација?

За омикрон сојот се уште нема доволно сознанија. Се затвораат земји ширум светот, пациенти се изолираат, а стручњаците се согласни дека ќе поминат најмалку 10 дена пред да можеме да знаеме повеќе за оваа мутација. 

Сепак, тие веќе „шпекулираат“ со одредени претпоставки и сценарија.

1. Умерен оптимизам

Овој сој е категоризиран како варијанта на загриженост и ако остане лоциран претежно во Јужна Африка, светот лесно ќе се справи со тие неколку останати случаи. Таков беше случајот со мутацијата ламбда. 

2. Многу оптимизам

Ако оваа варијанта го истисне делта-сојот, постои надеж дека и заболувањето ќе биде полесно. Во најдобар случај, би станал сезонска настинка, која по одреден период не би била опасна за луѓето. 

3. Реални претпоставки

Едно од најгорките сценарија е светот да се соочи со нов бран, предводен од омикрон и да се појави потреба за подобрување на вакцините, лековите и на протоколот на лечење. 

4. Многу песимистички - катастрофален

Сите стравуваат од ова сценарио. Нов сој може да значи и целосно намалена ефикасност на лековите и вакцините, како и заобиколување на антителата стекнати со прележување или со вакцинирање. 

Сепак, како што наведовме, првични конкретни сознанија ќе има за одреден период, бидејќи во моментов се чека да се излечат првозаразените со омикрон, па потоа да се знае како овој сој би влијаел врз луѓето.