Кои се „медуза“ родители и што мораме да научиме од нив

Кои се „медуза“ родители – едни се воодушени од нивниот начин на воспитување, а другите велат дека е лош. Еве што од овој тип родителство треба да научиме...

Современите автори во сферата на образованието и педагогијата ги поделија родителите во три типа – „тигри“, „делфини“ и „медузи“. Секој тип има одредени принципи на комуникација со детето и начин на кој воспоставува контакт, како и предност и маани. Идејата која стои зад родителството „медуза“  е родителот да слуша што сака да прави неговото дете и тоа да му го дозволи. Оваа родителска теорија има многу следбеници и противници. Љубителите на нежното родителство веруваат дека „медузите“ се пример за вистинско разбирање и прифаќање на своето дете такво какво што е.

Психолозите овој стил го нарекуваат мек, нежен и многу флексибилен.

Сепак, многу го истражуваат и спротивното мислење истакнувајќи дека родителите медузи се екстрем, односно дека се премногу попустливи и дека тоа децата може да ги доведе во заблуда, да им го отежни моментот на осамостојување и да остави лоши последици како возрасни. Најповолно решение е златна средина, односно родителите да не бидат премногу строги, но ни премногу попустливи. Од сето ова треба да се извлече најдоброто и да се примени, а еве кои добри работи можеме да ги научиме од родителскиот тип „медуза“.

Родителот слуша и ги прима желбите на детето. Останатите го обвинуваат дека воопшто не знаат да го одбијат детето и во сѐ се сложуваат со него. Но ова може да се размисли и на друг начин: родителот не присилува, туку дозволува детето да го избере она што му се допаѓа и што е најдобро за него. Ова особено може да се препознае во потребите за активности на децата. Родителите често ги запишуваат децата на разни спортови, хобија, јазични училишта или на музичко. Бараат што е најдобро за нивните деца и каде би можеле да се пронајдат.

Што би направил „медуза“ родителот? Би разговарал со детето: што му е интересно да учи и што да прави. И ќе го пушти детето само да избере активност. Навистина, постои можност детето да одговори дека не сака ништо да прави и дека сака само да игра на таблетот. Во тие ситуации родителот „медуза“ му нуди на детето предлози и го поттикнува да избере.

Родителот „медуза“ знае да биде флексибилен во образованието. Ако детето-ученик се пожали на преоптовареност, умор и ако не е подготвено да оди на дополнителни часови, многу мајки и татковци ќе се обидат да му објаснат на детето дека тоа е потребно, ќе го потсетат на одговорност и дисциплина и ќе го убедат да биде истрајно до крај во она што го започнало.

Што би направил родителот „медуза“? Како и секој родител, така и родителот медуза внимава на потребите и способностите на своето дете, но може да биде флексибилен и во однос на воспитувањето. „Медузите“ се согласуваат со отсуство на детето од часови или од тренинг ако тоа не се чувствува најдобро или му недостига енергија.

Родителот „медуза“ му дава на детето право на избор. На пример, родителот го запишува детето на фудбал бидејќи скоро сите деца што ги познаваат и се на негова возраст одат на фудбал. Исто така, тој смета дека бавењето со спорт ќе биде корисно во секој случај: детето ќе научи да си игра со другите, ќе стане физички посилно, ќе има самодоверба, а можеби спортските активности ќе му донесат поќе бодови за запушување на факултет. Но детето не е заинтересирано за какви било групни спортови и не се вклопува во фудбалскиот тим.  

Што би направил родителот „медуза“? Ќе му овозможи на детето да се пронајде само во активност која нему најмногу му одговара. Не би го терале детето да оди на исцрпувачки тренинзи по карате 4 пати неделно ако тоа нему не му се допаѓа. А ако детето се противи на распоредот, потребно е да се одмори некое време, дури и да одбива дополнителни хобија и секции.

Главен заклучок кој може да се извлече од филозофијата на воспитување на родителите „медузи“ е дека давајќи му на детето слобода на избор ние му помагаме да најде нешто по свој вкус, да ги открие своите интереси и да се насочи кон нешто што му носи радост, нешто што го прави среќен, нешто во што ужива, а со самото тоа се зголемуваат шансите да постигне успех и на тоа поле.