Кои намирници не е препорачливо да ги консумирате наутро и зошто?

БАНАНИ

Бананите се богати со магнезиум кој ги опушта мускулите – одлични се ако се консумираат пред спиење, но не и за појадок или ужина.

БЕЛ ЛЕБ

Јаглехидратите кои влегуваат во составот на белиот леб, многу брзо се разградуваат и трошат, па затоа најдобрата опција е да се јаде интегрален леб.

ЦРВЕНО МЕСО

Мастите од црвеното месо тешко се разградуваат во организмот, па телото ќе потроши многу повеќе енергија за варење на овие намирници.

ВИШНИ

Богати се со мелатонин кој го регулира процесот на спиење, па би било најдобро да се одбегнуваат кога сакате да бидете будни.

КОЛАЧИЊА

Големата количина шеќер поттикнува лачење на триптофан, аминокиселини од кои ќе ви се приспие.

КАФЕ

Иако на телото ќе му даде енергија за многу кратко време, ќе се чувствувате многу уморно кога неговото дејство ќе престане.