Кои луѓе најчесто изневеруваат?

Научниците не престануваат да се занимаваат со прашањето кое сите си го поставуваат: Зошто луѓето изневеруваат?

Досега се изнесени неколку теории: Една теорија е дека изневеруваат луѓето кои рано влегле во брак затоа што не проживеале доволно, втора теорија е дека долгите години во заедница си го прават своето, а има и теории дека тоа го прават луѓе кои уживаат во адреналинот.

Едно ново истражување тврди дека најчесто изневеруваат импулсивните луѓе, затоа што не ја анализираат ситуацијата, туку реагираат во склад со своите моментални чувства и мисли. Истражувањето покажало и дека оние кои во минатото имале повеќе сексуални партнери се понаклонети кон изневерување, затоа што имаат развиени вештини за препознавање можности за изневерување.

Кога станува збор за причините, најчеста причина е чувството на неповрзаност со партнерите и незадоволство од врската, додека пак должината на врската/бракот нема никакво или сосема минимално влијание на тоа дали човек ќе изневери или не.

cheap nike air max 90