Кои групи на граѓани треба да продолжат да носат маска дури и ако се укине како мерка?

Носењето заштитна маска беше една од првите препораки кои се воведоа кога настана кризната пандемиска состојба. 

Денеска, имаме околу 400 активни случаи, а 7 градови се веќе „ослободени“ од коронавирусот. Се укина мерката за носење маска на отворено, а сегашната ситуација ветува дека нештата се под контрола - иако знаеме дека овој вирус може да биде доста непредвидлив. 

Значаен дел граѓани веќе имаат примено барем една доза од ковид-вакцините кои се на располагање во Македонија. 

Сепак, се препорачува оние кои не примиле ниедна доза се уште, да продолжат да ја носат маската дури и кога се разминуваат со поголема група на луѓе. Истото важи и за граѓани кои имаат акутни сезонски или пак хронични респираторни заболувања, дури и алергии, бидејќи падот на имунитетот создава одлична средина за оджување на вирусот жив и пренослив.

Како што знаеме, во Грција е регистриран најмалку еден случај на бразилската мутација, а во Велика Британија веќе има повеќе потврдени случаи на индиската.

Иако моменталната епидемиолошка состојба во Македонија е значајно подобра од пред неколку недели, тоа не значи дека сè е готово и дека можеме целосно да се релаксираме од досегашните мерки.