Кога животот ќе те остави буквално на цедило: На Бранко од Волково му треба нашата помош!

Бранко Цветковски веќе 30 години живее во скопско Волково. Пред пет години починала неговата сопруга Латинка, а Бранко е татко на Бојан, 17- годишен син со посебни потреби. Неодамна доживува уште една трагедија во животот, пожар ја зафаќа неговата куќа и неговиот дом гори до темел. 

Бранко бил многу поврзан со својата жена, таа била столбот на куќата за неа вели дека таква жена повеќе не се раѓа.  Веста за смртта на Латинка бил голем удар за него, и за синот Бојан кој премногу бил поврзан со својата мајка. 

Домот кој цел живот го создавал, сега е само остаток од изгорени материјали и пепел. Веста го погодила него, но и неговиот син.

Настанот се случил на 27 септември, а од тогаш до сега тој вели дека не добил никаква помош.  Бранко бил вреден човек, домаќин, сега со својот син нема кај да спијат.

Погледнете го видеото во целост. Да бидеме хумани и да му помогнеме на Бранко. Жиро сметката за донација е: 210501705412630 (Бојан Цветковски, со назнака за помош на Бранко Цветковски)