Кога животот ќе те однесе на патишта кои не си ги очекувал...

 

Животот те носи на патишта на кои никогаш не си се наведал.

И колку и препреки да мислиш дека се појавиле на патеката, реката на животот ќе те одведе на брегови кои толку долго си ги избегнувал од далечина.

А не си можел да го избегнеш тоа. Тоа е твојот пат.

И кога ќе помислиш дека знаеш полесни и подобри, некоја невидлива рака ќе те одведе на сосема друг пат. Можеби не онаму каде што сакаш да бидеш, туку онаму каде што треба да дојдеш. Па низ предизвикот кој треба да го поминеш те носи онаму каде што си сакал.

А можеби и не. Затоа што животот знае подобро и има поширока слика. 

Затоа не се плаши кога брановите ќе станат посилни, кога реката ќе го забрза текот... затоа што некој од горе гледа се’ и те чува на тој пат. Колку повеќе веруваш во тоа, патот е полесен, а неволјите послаби. Не се плаши

Тоа е на некој начин добро за тебе. Те прави посилен и носи добри работи кои можеби не ги гледаш сега. Затоа што кога животот ја менува насоката, тоа сигурно е со добра причина. И никогаш не е случајно. Затоа што ништо не е... Колку и понекогаш да изгледа дека е. 

Затоа опушти се и препушти се. Понекогаш најдобро поминуваш кога ќе ги повлечеш веслата кон себе. Кога ќе се препуштиш да те носи. Да те води... И веруваш. Го држиш фокусот на целта, а не се бориш со начинот како да дојдеш до неа. Само држи го фокусот.
И веруваш.

Веруваш дека работите се случуваат за твоето добро. На овој или оној начин. 

И тогаш не се грижиш што ќе се случи... Затоа што знаеш дека секогаш на крајот тоа е најдоброто за тебе.

Некој од горе знае подобро и повеќе.

И те води. Со силата на безграничната љубов. 

Затоа не се плаши. Опушти се.
Затоа што доаѓа твоето време кога ќе се ослободиш од сите отпори. 

И тогаш мора да излезе најдобрата можна опција!

Ива Брадариќ