Кога за момент би го забележале ова, тогаш за нас навистина ќе почне животот

Бидете тоа што сте. Тоа е сѐ што треба да направите. Тоа е доволно.

Нашата неавтентичност е она што всушност ја предизвикува болката.

Нашите животни околности не се наши пријатели. Тие се наши непријатели. Тие нѐ држат заклучени во несреќни пози, играјќи улоги кои ја намалуваат нашата величественост.

Она што сте, без изговори и измислици, е доволно. Во тоа е убавината и моќта.

Човечкиот род како да е програмиран за беда. Нашиот ум, програмиран за решавање проблеми, секогаш наоѓа проблем. Решенијата лежат во креативноста, а таа доаѓа од друго место, од местото во кое постојат свежи перспективи, таму каде што надежта ја има во изобилство.

Овој свет е само сон, но ние, вака несреќни, го имаме претворено во кошмар.

Во секој момент, во кое било време, можно е да ја трансформираме, обновиме и да ја добиеме енергијата и да тргнеме во еден побогат, подобар правец, правец на исполнување.

Но, ние ретко ја цениме сопствената оригиналност и уникатноста на нашите ситуации, кои се единствени во целиот свет, затоа што ние сме приморани да следиме некакви ограничен шаблони и создаваме ограничени искуства.

Ние брзаме по цел ден, не доживуваме ништо, нашите глави се натежнати од грижи и кога ќе престане болката во срцето, некоја друга болка брза за да го заземе нејзиното место.

Никој не е среќен, а светот е место за неволји.

Ние сме создадени на тој начин. Од самото раѓање ни е кажано да се издадеме самите себе за да се прилагодиме на бесмислените ритуали и рамки на ограничување.

Луѓето го поттиснуваат фактот дека ќе умрат, па дури и самиот свет може да умре, затоа што колективните сили на хаосот изгледа дека никогаш нема да престанат, но колку од нас можат да кажат дека вистински живееле?

Денес можеби сонцето сјаело или пак дождот ни го допрел лицето, птиците летале над нас и цвеќињата мирисале додека сме оделе дома, но дали сме забележале нешто од тоа?

Зошто не ја гледаме извонредноста во обичните работи?

Тоа е затоа што не сме онаму каде што треба да бидеме, туку на некое друго место, жалејќи за минатото или плашејќи се од иднината.

Никогаш не можеме да бидеме на некои друго место, освен овде и не постои друго време, освен сега, а ние никогаш не би биле други освен ние.

Кога барем за миг би ја забележиле големината на сопственото присуство, тогаш и животот ќе започне за нас.