Нашите баби и дедовци секогаш имаат добри совети за нас.
Photo by Sven Mieke on Unsplash
Потребно е само да ги слушнеме.
Кога ќе ги прашаме за што највеќе се каат во својот живот, тие велат дека би сакале повеќе да им простувале на другите луѓе. Но, не толку за нив, туку за себеси.
Една бабичка вели: Посакував повеќе да им простував на другите. Жал ми е што во себе насобрав толку многу омраза, огорченост и очај и што дозволив тоа да остане во мене толку долго. Можев своите емоции да ги насочам кон нешто друго.
Животот треба да се живее во целиот наш капацитет. Но, тоа бара убави емоции. Не сме секогаш во можност убаво и позитивно да се чувствуваме, но кога во себе носиме очај и огроченост, тешко ни е да го погледнеме убавото околу нас. Но, постојат милион мали и големи нешта кои имаат потенцијал да ни донесат радост.
Човек мора да им прости на другите, но и да си прости на себеси за да живее во мир. Тоа што ќе се налутиш некому, може и воопшто да не и значи на другата личност, а тебе да те уништи сосема.
Затоа, простувајте, не толку за другите луѓе, туку за вашиот сопствен мир.