Кога ви е тешко на срцето, а душата уморна, прочитајте го ова...

Знам какво е чувството на емоционална исцрпеност. Кога се обидувате да им објасните на другите, но не успевате. Како да пронајдете зборови за: „Ги чувствувам работите толку длабоко, давам толку многу, а понекогаш внатре има само празнина“? Тоа е како да се разбудите уморни, затоа што не сте можеле да спиете, кога во три наутро ве прекрила познатата осаменост, на која веќе сте се навикнале. 

И гледате како сите околу вас се прашуваат што правите погрешно. Се прашуваат зошто не можете да чувствувате помалку. Сакаат да престанете да бидете толку чувствителни. А вие им завидувате на оние луѓе кои не се грижат за ништо освен за себе, а вие не можете ни да замислите како е тоа.

Постојат луѓе кои едноставно толку многу сакаат, толку многу се грижат и им се даваат на другите што на крај не останува ништо во нив. Постојат луѓе кои подаруваат делови од себе за другите да се чувствуваат исполнети. Постојат луѓе кои покажуваат непоколеблива сила кога им помагаат на другите, но не знаат како да си помогнат на себеси. 

Тоа се истите луѓе кои ги кријат солзите за кои другите луѓе не знаат дека постојат. Тоа се истите луѓе кои се чувствуваат осамено меѓу луѓе. Тоа се истите луѓе кои гледаат љубовни парови и се прашуваат кога ќе им биде така и на нив. 

Знам, што повеќе луѓе кои ви веруваат, толку помалку вие им верувате на другите. Научивте да се потпирате само на себеси. Знам дека повеќе не сакате да се трудите. Сите мислат дека тоа е природно за вас, но не е. Понекогаш помислувате дека нешто не е во ред со вас што сакате толку многу. Но, не знаете поинаку.

Луѓето ви се восхитуваат, се воодушевуваат на вашата бестрашност, љубов, грижа, но не гледат колку ви се уморни очите, колку ви е исцрпена душата, како вашата осаменост ве гуши. Сакам да знаете дека не сте како другите. Сакам да знаете дека треба да се гордеете на вашата сила, дека еден ден сето ова ќе се исплати и ќе најдете личност која ќе ве исполнува на ист начин на кој вие ги исполнувате другите. 

Дотогаш, продолжете да се обидувате. Продолжете да се држите за тоа парче верба и надеж кое сè уште постои во вас. Продолжете да бидете свои и не се менувајте. Имате нешто што е многу ретко. Бидете свои и еден ден, вашата осаменост ќе се сретне со некого кој ќе ве погледнете во очи и ќе рече: „КОНЕЧНО“!