Во последно време, речиси секоја личност зема додатоци во исхраната.
Photo by Diana Polekhina on Unsplash
Причините се различни: недоволна изложеност на сонце, замор, проблеми со варењето, лоша концентрација, слаба кожа, коса и нокти.
Она што треба да го знаеме е дека тоа секогаш треба да биде во консултација со лекар и дека треба да избегнуваме самите да носиме одлуки за тоа што ни е потребно, кога станува збор за здравјето.
Најчести групи на луѓе кои би требале да земаат додатоци во исхраната се:
Вегани и вегетаријанци
Трудници и доилки
Жени со обилна менструација
Луѓе со одредени проблеми со варењето на храната
Оние кои минале низ одредени оперативни зафати
Луѓе кои патат од алергија или интолеранција
Пушачи и оние кои имаат проблеми со алкохолот
Луѓе кои не јадат риба
Најчестите симптоми кои укажуваат на недостатокот на одредени витамини и минерали се:
Кои витамини се најдобри за подобро здравје?
Витамин Б12, витамин Ц и железо
Овие витамини и минерали влијаат на енергијата и придонесуваат за намалување на заморот. Притоа, витаминот Ц придонесува за апсорпција на железото.
Витаминот Ц е најдобар да се земе наутро. Тој делува против заморот, но и како антиоксиданс кој придонесува за подобрување на нашиот имунитет. Треба да знаеме дека најдобриот начин за внес на витаминот Ц е преку цитрусното овошје и зеленчукот како што е пиперката.
Освен тоа, дополнителни витамини и минерали кои се најдобри да се земаат за време на ручекот се: поединечни витамини кои се растворливи во масти (витамин Е, витамин А), цинк, како и витаминот А.
Витамини кои треба да се земаат навечер се: витаминот Д, калциум, омега 3 масни киселини, како и магнезиум. Витаминот Д придонесува за апсорпција на калциум, а тој е добар и во комбинација со омега 3 масните киселини. Калциумот влијае на контракција на мускулите, а магнезиумот делува како релаксатор.
Витамини кои не треба да се комбинираат
Но, треба да знаеме дека железото не смее да се пие во комбинација со калциум, цинк, витамин Е и манган. Цинкот не смее да се пие во комбинација со бака, витамин Б9 и железо.
Витамини кои можат да се комбинираат
Витамин Ц и железо
Витамин Ц и калциум
Магнезиум и калциум
Витамин Д и омега 3 масни киселини