Кога станав родител, научив за колку многу работи треба да и се извинам на мојата мајка

Сите мајки ќе се сложат со едно – потребно е да се стане родител за да сфатиме колку тоа е навистина тешко. Дури кога ќе се соочиме со предизвиците кои ги носи мајчинството, тогаш сфаќаме што значи да се биде мајка и колку жртви мораме да дадеме.

Сега кога станав мајка, сакам да им се извинам на мојата мајка за многу нешта.

За моето бунтовно расположение во пубертетот. За сето лудило во тинејџерските години.

За искраднувањето од домот, за доцнењето, касното спиење, сите пијанства. За ненајавените тетоважи.

За превртувањето со очите, за инаетот.

За храната која не ја сакав.

За сите лоши дечковци кои не ме заслужуваа.

За постојаното префрлување и распавии.

За игнорирањето на советите.

За тоа што мислев дека да се биде родител е многу лесно.