Кога силната жена ќе каже збогум, тоа е засекогаш

Колку и да е долга или силна врската, сепак некои ситуации не можат да се надминат и тогаш силната жена  одлучува да си замине.

Ова се најчестите причини зошто жените ги прекинуваат врските.

Не чувствува доверба и поддршка во врската

Дури и жените кои многу ја ценат својата слобода, сакаат да се во врска во која ќе можат да се потпрат на својот партнер и искрено да му веруваат.

Уморна е од исполнување барања

Несигурниот маж често има барања кон неа, потенцирајќи дека таа треба да се смени за да одговара на неговите потреби.

Не се чувствува важна

Ако таа не се чувствува важна и смета дека некој ја гледа како алтернатива, можеби ќе даде една или повеќе шанси, но потоа на крајот ќе сфати дека не е најважна на светот. Таа сака да и биде покажано дека е сакана, а не дека партнерот посакува други жени.

Уморна е од недовербата на партнерот

Уморна е од постојаното објаснување, докажување дека не прави ништо лошо кога излегува со пријателите. Не и одговара воопшто проверувањето на пораките, именикот во телефонот. Тоа не е основа за здрава врска.