Кога силната жена ќе каже збогум, нема враќање назад

Силната жена е онаа која дава шанса. Таа дава и повеќе од една шанса, но штом ги преминеш нејзините граници, таа си заминува без да погледне назад. Нема долго да биде уништена и да плаче, обвинувајќи те тебе, себеси или судбината.

Нема да покажува со прсти објаснувајќи се кој е виновен, нема да држи долги говори. Оваа жена ќе си замине. Или ќе те охрабри ти да си заминеш прв, бидејќи таа знае кога е дојден крајот.

Таа знае да биде сама. Знае дека животот е таков – постојано губиш некого, но таа никогаш нема да сака да остане со некој кому му дала шанса, а тој ги прокоцкал без да биде свесен за својата вредност. Таа не моли за љубов, таа сака фер игра, а кога ќе ја снема, таа не поглендува назад.

Таа знае дека вистинските луѓе остануваат во нејзиниот живот. А ако се однесуваш кон неа, како да не е вредна, тогаш таа нема да направи простор за тебе. Ти не си вистинската личност за неа. Таа засекогаш ќе ја затвори таа врата.

Таа е бестрашна и храбра жена која ќе дозволи да биде тажна неколку дена,а  потоа како феникс ќе се издигне од пепелта и ќе го отвори своето срце повторно. Таа верува во љубов и не се откажува од љубовта само поради тоа што некој не знаел како да ја сака.

Едно нешто е сигурно за оваа жена  - кога таа ќе реши да си замине, тоа е засекогаш.