Кога си силен во умот, ќе поместиш и планини: Лила зборуваше за битката со ракот

Познатата водителка Лила Филиповска зборуваше за битката со ракот на промоцијата на книгата „Ти си таа“ на писателката Ана Дорник, објави „ММС“.

За време на промоцијата во Скопје, Лила го сподели своето искуство и кажа дека ракот не е непобедлив.

-Освен ковид, јас во мојот живот немав друга болест, ниту притисок, ниту холестерол. Живеам здраво и бев лута дури на тоа што се заразив со ковид, раскажува Лила.

Лила раскажува дека борбата е тешка, но никој не смее да се предаде.

-Ако некој ти каже дека има рак, не треба да лежиш. Јас не размислував, туку ги броев хемотерапиите. Чекав побрзо да поминат. Сè што правев, правев за себе. Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот, можеш да поместиш и планини, вели Лила.

Целиот текст може да се прочита ТУКА.