Кога сето ова ќе заврши...

Кога сето ова ќе заврши, никогаш повторно да не ги земаме здраво за готово едноставните работи во животот.

Кафето со пријателите. Одењето на концерт. Седењето со друштво во кафана. Ракување со некого. 

Времето поминато со дедовците и бабите. Прегратките со луѓето кои највеќе ги сакаме. Разговорите со соседите. 

Утринското одење на работа. Одењето на училиште. Полните рафтови во продавниците. Обичната досадна вечер преку неделата. 

Самиот живот. 

Овие времиња се полни со предизвици, но можеме да си дозволиме да запреме за момент и да размислиме за работите кои се најважни. 

Еднаш кога прашината ќе слегне и кога сонцето посилно ќе свети, ајде да откриеме дека сме станале луѓето кои сакаме да бидеме, луѓето кои се надевавме дека ќе бидеме и да бидеме подобри едни кон други, поради тоа што поминавме низ незамисливи работи.

Во екот на оваа криза, да се држиме за љубовта, надежта и емпатијата.

Тоа е мојата желба, да искусиме и да ни остане што е можно повеќе љубов и човештво за време на овој периодот, но и откако сè ќе заврши.