Кога се отвора скопскиот Аква парк?

Од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ информираат дека деновиве се работи на подготовка за новата сезона во Аква паркот.

- Извршивме санација на сите оштетени делови. Се бојосуваа базенските површини, го сервисиравме и машинскиот дел, а на ова му претходеше комплетно хортикултурно уредување на зеленилото во објектот и целосно и темелно чистење, соопштија надлежните кои најавија дека наскоро Аква паркот ќе биде отворен за посетителите.