Кога се очекува дестабилизација на времето?

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. В сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец.