Кога се најголеми шансите за забременување?

Само во рамките на 1-2 дена од месечниот циклус, имено во периодот на овулација, имате најголема шанса за зачнување.

Затоа прецизното пресметување кога точно ќе бие следната овулација е особено важно за успешно зачнување.

Овулацијата е периодот околу 14 дена пред датумот на циклусот (во случај должината да е 28 дена), кога се ослободува созреана клетка и во рамките на 1-2 дена имате најголема шанса за зачнување. Но, најсигурно е зачнувањето само неколку часа по отцепувањето на јајце клетката од јајниците.

Обично овулацијата е придружувана од симптоми како болки во градите, обилно навлажнување или напон ниско во стомакот. Но, со цел зачнување нема како да се потпрете исклучиво на личните чувства и набљудувања, туку потребни се сигурни начини за пресметување на овулацијата.

Најпрецизно и точно се предвидува овулацијата преку вагинален ултразвук. Вашиот гинеколог може да ви каже со точност кога ќе започне овулацијата и кога да пристапите кон обиди за зачнување.

Пресметката на овулацијата може да ја направите и во домашни услови преку тестови за овулација, слични на тестовите за бременост кои што можат да се купат од секоја аптека. Тие се два вида. Едните ги следат нивоата на хормон во урината, чии што нивоа се највисоки 36 часа пред овулација, а другите ја истражуваат плунката, со тоа што во овој случај, тестот треба да се прави наутро, пред да јадете, пиете, или сте ги миеле забите.

Пресметување на базалната температура пред овулација

Во 1904 година Ван де Велде ја има воспоставено врската помеѓу месечниот циклус на жената и телесната (базалната) температура. Во деновите пред овулација телесната температура е околу 36 степени и малку, околу деноноќието пред овулација температурата нагло паѓа, а потоа се зголемува до 37+ степени. Причината за оваа промена во температурата е дека во првата фаза од месечниот циклус е повисоко нивото на хормонот естроген, а по овулацијата се зголемува нивото на прогестеронот.

Базалната температура треба да се мери секое утро во кревет непосредно по будењето и да си водите дневник, со тоа што така може да ја следите кривата на измената на температурата.