Кога сè изгледа тешко, пронајдете ја силата во себе

Како што растеме и созреваме, сè повеќе сфаќаме дека често животот едноставно не е фер и нема смисла. Во еден дел од својот живот, сите сакаме да веруваме дека постои правда и дека животот е фер, но се убедуваме дека тоа не е така.

Некогаш можеме да бидеме добри ученици, добри вработени, добри партнери или пријатели, но не ја добиваме наградата која сметаме дека ни припаѓа. Напротив, изиграни сме на крајот.

Тогаш, ни изгледа дека е најтешко. Се прашуваме зошто сме го заслужиле тоа, дали сме направиле нешто што го предизвикало тоа и дали би можеле да постапиме поинаку. Но, животот е таков. Такви се и луѓето.

Не можеме да ви кажеме дека еден ден животот ќе почне да биде фер, не можеме да речеме дека еден ден се ќе стане праведно, бидејќи така ве излажале. Но, можеме да ви кажеме дека сè ќе биде во ред.

Кога работите изгледаат тешко, потребна ни е една поинаква перспектива.

Можете да гледате црно на работите, да очајувајте и да се жалите. Но, токму во тие моменти можете и да ја најдете најголемата сила во себе. Таа само вам ви припаѓа. Никој не може да ја открие и најде во вас, освен вие самите.

Имате избор.

Доволно е само да верувате во себе и во тоа дека ве чека светла иднина и подобри денови. Често, треба да биде тешко за да стане подобро. А, во вас лежи моќта да го свртите тоа.