Кога сакаме некого, престануваме да бидеме тврдоглави

Кога сакаме некого, не дозволуваме тврдоглавоста да ни застане на патот. 

Не си заминуваме при првиот конфликт, не ја прекинуваме комуникацијата и не дозволуваме една мала грешка да создаде неволја. Тогаш имаме отворени очи, слушаме внимателно и покажуваме дека со доволно љубов можат да се поминат сите препреки.

Кога сакаме некого, подготвени сме за компромис. Не инсистираме дека сме во право, не ни е толку важно да испаднеме во право, да бидеме ние оние кои ја зборуваат вистината. Важно ни е да сме разбрани и почитувани. Се трудиме да ја видиме и другата страна, да ислушаме, да сфатиме. Најважно од сè, ни е да разговараме.

Кога сакаме некого, не бегаме од вистината. Не бегаме од отворениот разговор и конфронтациите. Возбудени сме да ја видиме личноста која ја сакаме и во тешките и лоши денови. Подготвени сме да бидеме нивната поддршка и рамо за плачење, да бидеме поттик и инспирација.

Кога сакаме некого, некогаш правиме работи кои не сме ни помислиле дека би можеле да ги направиме. Посетуваме нови места, развиваме нови гледишта, гледаме нови филмови, слушаме нова музика. Тоа е е најубавиот дел од љубовта, споделувањето.

Кога сакаме некого, немаме огромни очекувања. Не се лутиме за ситници, не се трудиме да имаме контрола, туку се препуштаме на љубовта. Ги носиме одлуките заеднички и уживаме во тоа. Ја сакаме љубовта, ги сакаме прегратките, но ја цениме и слободата.

Кога сакаме некого, ние сме еднакви. Даваме и земаме и не го мериме тоа. Тоа се случува спонтано, едноставно е и лесно за вас. Насмевката на саканата личност ни е поважна од нашето его. 

Кога сакаме некого, ние сме флексибилни. Кога сакаме некого, се среќаваме на половина пат и едноставно се препуштаме на љубовта, безусловно.