Кога пуштате премногу погрешни луѓе во животот, вистинските почнуваат да излегуваат од него

Кога пуштате премногу погрешни луѓе во животот, многу од вистинските почнуваат да излегуваат од него. Човековиот живот има простор само за одреден број луѓе, а секој избира какви личности сака да има во него. Дали го минувате времето со оние кои психички ве исцрпуваат, покрај кои морате да бирате зборови и треба да ставате маска на лице, затоа што не ве прифаќаат онакви какви што се, тоа и ќе го направите само за да ги задоволите нивните очекувања и да го задржите нивното друштво. 

Кога пуштате премногу погрешни луѓе во животот, многу од вистинските почнуваат да излегуваат од него. Тоа е едноставно, постојат луѓе кои се почитуваат себеси и нема да живеат покрај подвижен извор на негативност, затоа што знаат дека тоа полека ги убива. Си одат луѓето кога ќе видат дека начинот на кој се живее покрај одредена личност е сличен со начинот на умирање, си одат кога нема повеќе човечки и топли зборови и средби, т.е кога сите разговори се само прикриени натпреварувања, споредби, потценувања и омаловажувања. 

Kога во својот живот ќе ги пуштите оние кои немаат добри намери, мислејќи дека со текот на времето ќе се променат, на крајот ќе забележите дека и вие самите сте се промениле, но на полошо. Ќе престанете да уживате во оние мали и убави работи и ќе почнете да се оптоварувате со некои неважни работи со кои се оптоваруваат и тие. Ќе барате начин да имате поинаков живот, барем за миг, да бидете помирни и поспокојни, а всушност од ден на ден ќе бидете потешки и понапорни. На крајот ќе станете како луѓето околу вас.

Имало многу луѓе кои верувале дека ќе прават чуда, ќе го променат светот, ќе поттикнат други луѓе, дека целосно ќе го преобразат лицето на земјата, но по некое време сфатиле дека уметноста на животот е да не дозволиш да те променат злото и негативноста околу тебе. Ако зрачите со светлина, тогаш оние околу вас знаат каква е вашата природа, кои се вашите правила и животни начела. Ако сакаат и тие да живеат така ќе останат покрај вас, ако не – ќе си заминат. Не се прилагодувајте на таквите, само бидете светло, затоа што тогаш сте доволно свои и доволно поинакви. 

~ Марио Жувела