Кога потта не мириса пријатно?!

Кај некои луѓе оваа појава е толку лоша што за непријатната миризба не може да им помогне ни дезодоранс.Екрините жлезди се наоѓаат насекаде низ телото и произведуваат водеста пот со цел да ја одржуваат температура на телото и да го разладуваат. Апокрините жлезди се наоѓаат таму каде се наоѓаат фоликулите на влакната (на главата, под пазувите, на препоните) и потта која тие ја произведуваат е слична на восок и е масна заради липидите кои се лачат.

Самата пот која се лачи од апокрините жлезди не е одговорна за смрдеата. Имено, непријатната миризба е предизвикана од бактерии кои привлекуваат ваков вид на пот. Колку повеќе влакна имате, толку поголема површина имаат бактериите на која можат да живеат, а тоа ја прави непријатната миризба силна.

Од непосакуваната непријатна миризба најдобро ќе се одбраните доколку користите антиперспирант во вид на стик. Антиперспирантот делумно влијае на потните жлезди да не произведуваат пот, додека дезодорансот ја маскира природната смрдеа дури и доколку веќе сте се испотиле.

Во екстремни случаи, кога козметичките производи не помагаат, некои луѓе можат од дерматологот да побараат инјекции со ботокс. Оваа процедура е одобрена од Администрацијата за храна и лекови во САД и има за цел да го спречи потењето, но ќе ви треба повторување на терапијата на секои три-четири месеци.

Лукот, кромидот и кари зачинот се класични предизвикувачи на непријатната миризба. Антибактериските сапуни и купки се добри за отстранување на смрдеата, но не треба да претерувате со нив. Некои луѓе дури и се тријат со алкохол на проблематичните подрачја, нотоа може да доведе до сушење на кожата, заради што телото произведува уште повеќе пот.

Научно е докажано дека луѓето под стрес повеќе се потат. Затоа не е ни чудо тоа што се потите повеќе од вообичаено кога ви претстојува важен состанок или испит.