Кога нештата ќе тргнат на лошо, добро запаметете ги овие зборови

Понекогаш ни изгледа дека сите нешта одат на лошо и покрај нашите напори да направиме се како што треба. Можеме да направиме се што мислиме дека треба, но чувствуваме како универзумот да има друг план. И, иако не можеме да ја контролираме ситуацијата сепак можеме да придонесеме да не се нервираме многу и да си помогнеме себеси.

Кога нештата ќе тргнат на лошо, треба да ги запаметиме овие зборови.

Понекогаш т ие  потребно да зборуваш со 4-годишно дете и 84-годишен старец за да го разбереш животот повторно.

Ако немаш ништо за да бидеш благодарен во својот живот, провери го својот пулс.

Секогаш запаметете дека вашата сегашна ситуација не е вашата финална дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.

Кога животот е убав,  кажете благодарам и прославете. Кога животот е лош, кажете благодарам и научете.

Понекогаш лошите работи кои се случуваат не ставаат на патеката за најдобрите работи кои треба да ни се случат.

Барајте нешто позитивно секој ден, а некои денови потрудете се повеќе.

Животот не мора да е совршен за да биде убав.

Секогаш сме една одлука одалечени од поинаков живот.

Без оглед на тоа како се чувствуваш – стани, облечи се, појави се и не се откажувај.

Колку стареам, така сфаќам дека никој не знае што прави и сите само се преправаат дека знаат.

Претераното размислување ќе го уништи вашето расположение. Дишете.