Кога нема да обрнуваш внимание на секој збор што луѓето ти го кажуваат, ќе живееш подобро

 

Кога ќе почнете да не обрнувате внимание на секој збор што луѓето ќе ви го кажат, ќе живеете подобро. Но, тоа треба да се случи и не е лесно. Не треба да им верувате на сите кои не веруваат во себе, кои не се сигурни во себе и кои на крајот ќе кажат дека не знаат што се и зошто го кажале тоа што го кажале. Не треба да го претворите вашиот живот во некоја непотребна драма поради нивните зборови. Нека го кажат она што им е на ум, но тие зборови нека не ве засегаат повеќе од лесното ветре кое тукушто помина.

Кога ќе научите да не обрнувате внимание, ќе сфатите колку е бескорисно тоа што го зборуваат луѓето. Се жалат и ништо не менуваат. Тие драматизираат и продолжуваат да живеат како порано. Се закануваат, а мравка нема да згазат.

Се чини дека и луѓето не се сфаќаат себеси сериозно, па зошто вие би го направиле тоа? Тргнете се од оние кои си го пикаат носот во туѓите работи, оние кои мислат дека се незаменливи, оние кои ги приковуваат своите успеси на другите, бегајте од нив и живејте го својот живот во мир.

Игнорирај што велат луѓето, животот не функционира така. Дискутирањето за нив е борба против ветерници.

Таквите луѓе ќе мислат дека само тие се во право, никогаш нема да можат да го слушаат другиот и се’ што ќе им кажете – исто како да сте го кажале на ветрот.

Со такви луѓе, ќе доживеете многу трауми во врските и ќе се прашувате зошто сте мислеле дека вие би можеле да промените нешто.

Направете нешто за себе и не обрнувајте внимание на она што луѓето го зборуваат. 

Кога ќе почнете да не обрнувате внимание на секој збор што луѓето ќе ви го кажат, ќе има места за подобри работи и подобар живот.

Знаете ли колку вреди вашиот мир – онолку колку што треба за да се свртите и да ги оставите луѓето кои ве заморуваат.

Марио Жувела