Кога некој ќе одлучи дека вие не сте вистинската личност, мора да продолжите понатаму, колку и да ви е тешко...

Скршени срца, загуби, раскинати врски... Сите сме минале низ тоа. Ужасно е чувството кога некој од никаде-некаде ќе ви го скрши срцето и ќе реши да си замине. Нема ништо полошо од тоа да сфатите дека чувствата на другата страна се изладиле и дека повеќе ги нема. Нема ништо поболно од тоа кога човек ќе сфати дека повеќе не е нечија љубов.

Но, кога некој ладнокрвно ќе реши да ве острани од својот свет и од својот живот, не смеете да почнете да се сомневате во себеси. Имајте доволно самопочит да се тргнете настрана и фокусирајте се на себеси. Не се вртете назад и не дозволувајте тагата да ве турне во калта. Знам дека болката е ужасна, но станете од подот и продолжете да одите по својот пат.

Не се обвинувајте себеси, не се убедувајте дека вие сте виновни за тоа што ви се случува. Наместо тоа, најдете начин да ги разберете и сфатете дека нивната одлука нема врска со вас. Кога некој ќе ви каже дека повеќе нема чувства за вас или дека едноставно повеќе не сте компатибилни, не барајте скриени значења и прифатете го тоа како факт. Една врата се затвора, но се отвораат уште илјада други можности.

Знам дека е болно, но кога некој ќе одлучи дека вие не сте љубовта на неговиот/нејзиниот живот, тогаш бидете доволно храбри и помирете се со тоа. Не трчајте по некој кој одлучил дека не сака да оди по истиот пат по кој одите и вие. Да, срцето ви е скршено и егото ви е повредено – но, смогнете сила и затворете го тоа поглавје од вашиот живот.

Не дозволувајте ова да ве исплаши и да ве спречи да продолжите да ја барате својата среќа. Не знаете какви изненадувања ви подготвува животот. Не си го трошете времето, ниту пак енергија на нешто коешто повеќе не постои, не се обидувајте да ја залепите скршената вазна.Тоа е завршена приказна.

Можете да плачете, да молите, да разубедувате, но нивната одлука веќе е донесена. Можете да викате на цел глас и да се жалите колку животот не е фер, но тоа нема да ја промени реалноста.

Имајте самопочит и достоинство и оставете работите да си се движат по својот терк. Наскоро ќе сфатите дека работите излегле како што треба да излезат, иако можеби тоа не го гледате сега затоа што сте заслепени од болка. Но, наскоро ќе сфатите дека сте посилни отколку што сте мислеле и дека пред вас се прекрасни моменти и многу убави работи.

Болката е пеколна, но кога некој ќе одлучи дека вие не сте вистинската личност и дека вашата врска не е големата љубов на која тие се надевале, тогаш морате да продолжите понатаму.

Имате само еден живот и немојте да го трошите залудно.