Кога некој често избира самотија, тоа е само негов начин да се бори за својот внатрешен мир

Кога некој често избира самотија, тоа не значи дека се работи за изолиран човек, туку дека има поминато многу работи во животот.

Копнежот по самотија често е одговор на сите повредувања и страдања. Затоа немојте да ги критикувате тие луѓе, тие поминале тешка животна школа која на нив им оставила многу траги и рани кои сега ги лечат во самотија, а тие полека застануваат на две нозе. 

Тие луѓе се борат за својот мирен живот затоа што сфаќаат дека мирот не може да биде надоместен со ништо друго. Тоа не се некои асоцијални негативци, туку луѓе кои давале сѐ од себе, но светот им одземал многу, луѓе кои близината на некои луѓе ја платите на најтешкиот начин, луѓе кои верувале во добрината на луѓето, но сфатиле дека освен добрината потребна е и мудрост, затоа што само таа може да го заштити она што е свето и кревко во секој човек.

Тоа се луѓе кои секогаш ќе ти посакаат среќа, затоа што знаат дека секогаш се враќа она што го даваш, луѓе кои никогаш не би му наштетиле некому, дури и кога тој некој ги повредил, туку само се повлекуваат, чувајќи ги своите граници, интегритет и мир. 

Тоа се луѓе кои секогаш ќе разбудат некакво чувство во вас, затоа што се топли и добродушни луѓе, но морале на некој начин да стават крај на оние предатори кои ја крадат позитивната енергија од другите. 

Кога некој често избира самотија, тоа не значи дека сака други луѓе, туку дека во нивно присуство сака да го даде најдоброто од себе. Нивната приказна е приказната за внатрешна борба на луѓето за доброто, за вистината, приказна да се тргнат сите маски на овој свет и пред другите да се биде она што си. 

Луѓето кои избираат самотија имаат сила и моќ да се променат себеси и да го покажат единствениот пат кон преобразба на овој свет. Кога некој често избира самотија тоа е само негов начин на кој се бори за својот внатрешен мир!