Кога моите деца ќе ме прашаат зошто мама и тато не се заедно, еве што ќе им кажам...

Вашиот татко ќе се жени. Со тоа започнува едно ново поглавје во вашиот живот и затоа сакам да ви расветлам некои работи во врска со мојот однос со татко ви.

Ние бевме млади и направивме многу грешки. Но, вие се родивте во семејство коешто премногу се сакаше. Имавте два родители кои сакаа да бидат семејство. Но, ние бевме премлади и не знаевме што е љубов. Ние најверојатно ја направивме секоја можна грешка која може да се направи во една врска. Но, вие сепак сте најубавото нешто што ни се случило и на двајцата.

Ако останевме заедно, тоа ќе значеше отровен живот за сите, па затоа одлучивме да го направиме она што е најдобро за вас. Знам дека понекогаш ми се лутите, особено кога ви недостига татко ви. Но, верувајте ми дека два среќни дома се подобри од еден несреќен дом.

И на двајцата ни беше потребно да пораснеме, а тоа значеше дека требаше да се разделиме и да се развиваме по различни патишта. Јас и татко ви немаше да станеме добри луѓе и родители ако останевме заедно.

Ние премногу зависевме еден од друг. И на крај дојдовме до точка каде и двајцата почнавме да градиме различни животи. И сега, двајцата сме посреќни. Тоа немаше да се случи ако останевме заедно.

И покрај тоа што не се сложуваме за се, јас сепак навивам за татко ви. Сакам да успее. И се гордеам со тоа колку созреа во овие години. Тој е прекрасен човек и прекрасен татко.

Вие сте дел од мене и дел од татко ви и јас го сакам секој дел од вас. Сакам да уживате во времето кое го поминувате со него. Сакам да слушам како сте поминале кога сте биле заедно.

Тоа не ме прави несигурна или љубоморна. Тој е ваш родител исто како и јас и сакам да го сакате исто како што ме сакате и мене. И не сакам да мислите дека треба да го криете тоа од мене.

Вие сте прекрасни деца. Вие сте целиот мој свет.

Само затоа што нашето семејство е малку поразлично, тоа не значи дека е погрешно. Имате родители кои ве сакаат бескрајно и тоа никогаш нема да се смени!