Кога мислите стануваат тешки, напишете една реченица

Кога се соочуваме со тешки мисли или силни емоции, мозокот често нè убедува дека тоа чувство ќе трае засекогаш.

Photo by John Diez

Во тие моменти, стравот, тагата или вознемиреноста изгледаат како нешто што нема крај. Мислите стануваат поинтензивни, телото се напнува, стресот доаѓа и ни се чини дека нема простор за олеснување. Како ова да ќе трае засекогаш. 

Во такви моменти, една едноставна реченица може да помогне повеќе отколку долг разговор со самите себе. Земете лист хартија и напишете:

„Ова чувство ќе помине, како што поминале и многу други пред него.“

Оваа реченица не е само утешна мисла. Таа е потсетник на нешто што веќе се случило многупати во нашиот живот. Секој човек има поминато низ моменти кога мислел дека нешто е премногу тешко и сепак со време тие чувства се смириле, се промениле или исчезнале.

Photo by www.kaboompics.com

Нашиот мозок често заборава на тоа. Кога сме во силна емоција, вниманието се стеснува и ни изгледа како сегашниот момент да е единствената реалност. Но вистината е дека емоциите имаат свој тек. Тие доаѓаат, достигнуваат врв и потоа постепено се намалуваат.

Кога ја пишуваме оваа реченица, му даваме на мозокот поинаква перспектива. Наместо да се фокусира само на тежината на моментот, го потсетуваме на нешто пошироко: дека и ова е дел од процес кој ќе се промени.

Затоа следниот пат кога мислите ќе станат премногу тешки, земете лист хартија и напишете ја оваа реченица. Не како магично решение, туку како мал, реален потсетник:

„Ова чувство ќе помине, како што поминале и многу други пред него.“