Кога мислев дека умирам, тогаш научив како да го живеам својот живот

Сѐ започна со главоболка која траеше цели 4 дена, без престан. Тоа беше болка која не можеше да биде смирена со ништо – ниту кафе, ниту топол или студен туш, апче или сон.

Му се јавив на мојот доктор, објаснувајќи ги симптомите. Тој ми кажа дека нема причина за грижа бидејќи и порано имав главоболки.

Но, потоа се случи. Како нешто да се откачи во мојата глава во текот на ноќта и ме разбуди од сон. Почувствував топлина во главата но и огромен страв бидејќи пред неколку месеци моја блиска пријателка ја изгуби својата мајка поради аневризма.  Го разбудив мојот сопруг, а потоа со огромна паника и страв и солзи во очите, ја чекав амбулантната кола.

Ја слушнав мојата ќерка како плаче во соседната соба и само најдов сила да повторам некои зборови на мојот сопруг. Не сакав да ме заборави, сакав да ме памети, но сакав и да живеам уште долго за да ја видам како го живее животот со полни гради. Посакав и да и го кажам тоа. Не сакав тоа да се моите последни моменти.

Се прашував какви приказни би и раскажале другите луѓе за мене и не ги сакав таквите приказни. Си реков дека ако живеам уште малку, ќе го сменам тоа.

Кога се вратив од болницата, како родител си го поставив прашањето: Што би им било кажано на нашите деца, кога еден ден би не снемало од нивниот живот? Особено ако се толку малечки за да не запаметат ништо за нас.

Решив да го сменам тоа. Да живеам со полни гради – без завист, љубомора и без лоши мисли и луѓе околу мене.

Живејте. Оставете го телефонот, никаде нема да ви избега. Не ги озборувајте другите. Насмејте им се. Кажете им благодарам. Давајте им комплименти на луѓето. Давајте им и прегратки. Сакајте.  Дозволете си да бидете среќни.

Сакајте се себеси.

Кога ќе ве снема од овој свет, никој нема да запамети кој број на фустан сте носеле и дали сте биле слаби или дебели.