Кога мажот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе ѝ ги вети овие работи...

Ако некогаш се женам, ова се ветувањата кои би сакал да ѝ ги исполнам на љубовта на мојот живот:

Ветувам дека секогаш ќе се трудам да бидеш во моите очи. Еден ден кога ќе остариме и кога ќе бидеме збрчкани, јас и натаму ќе ја гледам твојата вистинска убавина.

Ветувам дека ќе те слушам, но нема да молчам. Сакам да го слушам моето срце. Секогаш ќе ти кажувам што мислам, затоа што повеќе се грижам за тебе отколку за зачувување на лажен мир.

Ќе бидам доволно храбар да бидам свој онолку колку што можам. Од некоја луда причина си се заљубила во мене и јас сакам тоа да остане така.

Ти ветувам дека ќе те допирам. Секој ден.

Ти ветувам дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Ќе бидам твојот грб и секогаш ќе те чувам.

Ти ветувам дека ќе поддржувам колку што можам. Не сакам да ги решавам твоите проблеми, но сакам да те држам за рака додека ти го правиш тоа.

Ти ветувам дека ќе бидам твојот највреден студент. Ќе го студирам факултетот на твоето срце и ќе се радувам кога ќе дипломирам.

Ти ветувам дека никогаш нема да дозволам да легнеш да спиеш без да ти кажам дека те сакам.

Ти ветувам дека ќе бидам искрен.

Ти ветувам дека целосно ќе те прифатам. Твоите соништа, твоите стравови, твоите надежи и твојата љубов.

Ти ветувам дека ќе живејам во сегашноста, затоа што тоа е сѐ што имаме.

Ти ветувам дека ќе те сакам и кога ќе заврши нашето време на оваа Земја, затоа што знам дека повторно ќе те најдам.

Како знак на мојата љубов ти го давам моето срце.

Сѐ додека љубовта не нѐ раздели.