Кога маж ќе се заљуби: Ти ветувам дека ќе те љубам до вечноста и назад

Велат дека мажите ретко се заљубуваат, но кога ќе се заљубат тоа е силно, интензитивно, доживотно. Како доказ за тоа ви го приложуваме ова прекрасно писмо на еден маж кој го упатува до неговата идна љубов, која се уште не ја запознал.

Прочитајте го неговото писмо:

„Ако некогаш се женам, ова се ветувањата кои би сакал да ги исполнам на љубовта на мојот живот:

Ти  ветувам дека секогаш ќе се трудам да бидеш во моите очи. Кога еден ден ќе остариме и ќе бидеме збрчкани, јас и понатаму ќе ја гледам твојата вистинска убавина.

Ти ветувам дека ќе те слушам, но нема да молчам. Сакам да го слушам своето срце. Секогаш ќе ти кажувам се, затоа што повеќе ми е грижа за тебе, отколку за чување на мирот.

Ќе бидам доволно храбар за да бидам свој и тоа што е можно почесто. Од некоја луда причина, ти си се заљубила во мене и сакам тоа да остане така.

Ти ветувам дека ќе допирам. Секој ден.

Ти ветувам дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Јас ќе бидам твојот грб и секогаш ќе те чувам кога треба.

Ти ветувам дека ќе те поддржам секогаш кога ќе можам. Не сакам да ги решавам твоите проблеми, но сакам да те држам за рака додека ти го правиш тоа.

Ти ветувам дека ќе бидам твојот највреден студент. Ќе го студирам факултетот на твоето срце и ќе се радувам кога ќе дипломирам.

Ти ветувам дека никогаш нема да дозволам да си легнеш да спиеш, а да не знаеш дека те сакам. Што и да е потребно, јас ќе ти покажам дека те сакам.

Ти ветувам дека ќе бидам искрен. Ќе ме познаваш и нема да се плашиш, затоа што ќе ги знаеш сите мои стравови.

Ти ветувам дека ќе прифатам се од тебе. Твоите стравови, твоите соништа, твоите надежи и твојата љубов. Тоа што те прави преубава е токму комбинацијата на овие работи.

Ти ветувам дека ќе знам која си. И дека никогаш нема да направам нешто за да станеш некоја друга.

Ти верувам дека ќе бидеш возбудена. Во рутината нема место за љубов каква што е нашата.

Ти ветувам дека ќе живеам во моментот. Тоа е се што имаме и поубаво е кога сум со тебе во него.

Ти ветувам дека кога нашето време на Земјата ќе пројде, дури и тогаш ќе те сакам и ако можам, ќе те најдам и барем уште еднаш ќе те држам во моите раце.

Како доказ за мојата љубов, ти го подарувам моето срце. Додека љубовта не не раздели.