Најтешки се зборовите кога некој ќе ни каже или покаже дека не нè сака.
Photo by Eric Ward on Unsplash
Се чувствуваме недоволно добро, недостојни за нивната љубов, како да не вредиме доволно. Но, тоа како другите луѓе се чувствуваат не е толку многу поврзано со нас.
Иако боли, некогаш ни е потребно време да ја прифатиме и „свариме” вистината. Но, не можеме да чекаме засекогаш. Најдоброто нешто што можеме да го направиме за себе е да продолжиме напред.
Раздвојувањето секогаш носи одредена тешкотија, мислиме дека нема да најдеме нешто подобро за себе, дека е крај на светот, но вистината е тоа дека е крај на еден период во нашиот живот.
Почитувајте се себеси. Почитувајте се доволно за да сфатите дека тоа не е единствената личност за вас и дека вие го заслужувате најдоброто. Не се обвинувајте себеси и со насмевка на лицето, продолжете напред. Уверете се дека не сте виновни за ништо. Не можеме да ги натераме другите да чувствуваат нешто што не го чувствуваат и тоа е најголемата вистина која треба да ја прифатиме.
Не анализирајте, не барајте скриени значења, немојте да мислите дека треба да чекате. Во вашиот живот се отвора нова врата и доаѓаат нови можности, дури и да не ви изгледа така во самиот момент.
Сакајте се себеси. Знајте дека иако некогаш вашата гордост е скршена, имајте храброст да ставите крај и да тргнете напред. Бидете силни и не дозволувајте два пати да стапнете во истиот вир. Слабоста и ранливоста се нормални, но тие не можат да траат предолго.
Не се држете до она што веќе не е ваше. Најдете го најдоброто во себе и искористете го за да продолжите напред.