Кога ќе западнете во животна криза и кога ќе исчезнат луѓето кои некогаш ве поддржувале...

Кога ќе западнете во некоја животна криза, апатија или малодушност, кога ќе се уморите од паѓање и станување на патот кон вашите соништа, кога ќе исчезнат луѓето кои некогаш ве поддржувале, а ќе останат само оние кои ви поставуваат сопки – не се предавајте, туку мотивирајте се самите себе.

Мотивирајте се себеси такашто ќе си кажете себеси дека не е важно мислењето на другите, оние кои се хранат од вашите падови, не е важно тоа што другите не ви ракоплескаат, не ве поддржуваат, кои не се до вас, туку важни се целите до кои треба да дојдете и луѓето за кои ќе направите тоа и тоа затоа што ве сакаат. Само тие!!

Ќе си кажете себеси дека не е важно тоа што сте се умориле, затоа што заморот е знак дека сте направиле нешто добро, важно е да знаете да се одморите, а потоа уште поенергично да се движите напред.

Земете време за себе, за својата душа и тело и сѐ во вас нека дојде на свое, а потоа извлечете ја вашата внатрешна сила. Немојте да се откажувате поради умор, само земете здив и по некое време сѐ ќе почне да се враќа во нормала. Само бидете доволно трпеливи и издржете додека е најтешко!

Кога ќе западнете во некоја животна криза, немојте да се прашувате зошто баш вам ви се случува тоа, колку длабока е кризата, не се прашувајте каде се луѓето кои некогаш ве поддржувале, туку најдете причина за да бидете посилни од моменталната болка.

Причината која ќе ја најдете ќе ја промени вашата перцепција, ќе ве натера да поставите поинакви прашања и нема да се гледате себеси како жртва туку како човек кој има можнст за избор во животот и го користи тоа.

Кога ќе западнете во некоја животна криза знајте дека таа има свои причини и дека тоа што моментално се наоѓате во ноќта на својот живот, не мора да значи дека наскоро нема да излезе сонцето за да ви покаже дека сето тоа е дел од еден многу поголем процес кој ние не го разбираме, а кој нам ни е потребен за да бидеме посилни и да ги совладуваме сите предизвици кои животот ни ги поставува.

Бидете уверени дека наскоро доаѓа победата, а вие сте оние кои сте заслужни за неа.