Кога ќе воздивне и ќе каже не ми е ништо, јас сум тоа ништо...

Да се претставам

Јас сум онаа рака на нејзиното рамо,
од фотографиите скинати на половина.
Кога ќе воздивне и ќе каже не ми е ништо, јас сум тоа ништо
(и таа воздишка сум јас, без мене би се угушила).
Јас сум и тој кој и се привидува кога ќе погледне во ретровизорот,
истиот оној од анегдотата: кој беше тоа на влезната врата?
Јас сум сѐ и секаде.
Сѐ на сѐ – никој.
Сѐ на сѐ – ништо.

Горан Тадиќ, поет