Кога ќе ви го скршат срцето, запомнете ги овие работи…

Секогаш ни велеле дека времето лечи се. Тоа ќе ги излечи сите рани, зарем не? Па и не е баш така. Времето не ги лечи раните.

Вие сте личноста која ги лечи сопствените рани. Вие сте единствената личност која на крајот останува да се грижи за себе. Иако можеби скршеното срце моментално го тресе вашиот свет, ги затупело вашите чувства и си поигрува со вашата свест, треба да знаете дека ова не значи крај на вашиот живот. Ова е само еден момент кога вашиот ум, душа и срце треба да ја пребродат оваа бура во вас и да ги изберат правите зборови кои ќе ви помогнат…

Кога ќе ви го скршат срцето, приспомнете си на овие работи…

  1. Вашето срце нема засекогаш да остане скршено. Ќе запознаете луѓе кои полека ќе го излечат вашето срце. Нови пријатели, нови љубови…
  2. Немојте да се обвинувате себеси затоа што премногу сте сакале или премногу сте давале. Тие чувства биле искрени и тоа е вашиот начин на којшто љубите. Не смеете да се срамите од тоа.
  3. Скршеното срце ќе ве направи посилна и помудра личност. Болката ги менува луѓето.
  4. Скршеното срце ве учи како да сочувствувате со другите, но и со себе.
  5. Можеби ова не е крајот којшто го посакувавте, но сепак е крај. Понекогаш морате да ја затворите вратата без да се завртите назад.
  6. Скршеното срце ќе изгради ѕидови за оние кои повторно ќе сакаат да го скршат.
  7. Секогаш ќе успеете да ги преболите луѓето кои мислите дека никогаш нема да ги преболите.
  8. Подобро е да бидете сами отколку со некој кој не ве цени или со некој кој ве уверувал дека тешко да бидете сакани.
  9. Само затоа што некој ве напуштил не значи дека и сите останати тоа ќе го направат. Понекогаш губиме добри работи само за да можеме да пронајдеме уште подобри.
  10. Скршеното срце ќе ви стане инспирација да се занимавате со работите за кои сте страствени и да станете креативни. Понекогаш страдањето ни ја открива уметничката страна.
  11. Скршеното срце ве учи да ја прифатите самотијата, а самотијата ве учи како да преживеете.
  12. Немојте да останете пријатели со бившиот/бившата, ако не го сакате тоа. Вистинскиот пријател никогаш не би те напуштил.
  13. Повторно ќе се смееш и ќе љубиш. Болката секогаш избледува.
  14. Скршеното срце е подарок кој му дава сила на твојот карактер и време за да се посветите на себеси.
  15. Скршеното срце е потсетник дека сте се бореле во најтешките периоди од животот и дека сте преживеале.
  16. Секој ден се помалку ќе мислите на него/неа, се до моментот кога воопшто нема ни да помислите на нив.
  17. Во вашиот живот ќе влезе некој кој ќе ве потсети зошто не ви е судено да бидете со личноста која ви го скршила срцето.