Кога ќе ви дојде преку глава од сѐ – прочитајте ги овие зборови...

Сите се заморуваме и понекогаш остануваме без сила. Имаме желба да се откажеме од сѐ, да се предадеме, да избегаме од целиот свет. Но, тоа не е решението. Прочитајте го овој текст кој ќе ви помогне поинаку да ги гледате работите. Длабоко вдишете, читајте и делувајте...

Светот во којшто живееме навистина исцрпува. Уморни сте затоа што премногу сакате, се грижите, целосно му се предавате на светот кој често не дава ништо за возврат. Уморни сте од неизвесност. Од монотонијата на секојдневниот живот.

Некогаш сте биле полни со светлина и надеж, оптимизмот го надминувал цинизмот, подготвени сте биле одново и одново да давате. Но, скршеното срце, неисполнето од некакви ветувања, неуспешните планови, сето тоа, постепено ве спуштало на земја. Светот не бил секогаш добар кон вас и почесто сте губеле отколку што сте добивале, а сега немате никаква инспирација повторно да се обидете.

Вистината е дека сите сме уморни. Секој од нас. По одреден број години, војската составена од скршени срца и болни души е сѐ поголема, војска која очајно бара хармонија. Сакаме повеќе, но преуморни сме за да ја бараме хармонијата. Не ни се допаѓа тоа каде се наоѓаме, но преисплашени сме за да почнуваме нешто одново. Би требало да преземеме ризици, но се плашиме дека сѐ околу нас може да се распадне. На крајот на краиштата не сме сигурни колку пати можеме да почнеме одново.

Уморни сме од игрите кои ги играме, лагите кои ги кажуваме, несигурностите кои меѓусебно ги споделуваме. Ние не сакаме да ставаме маска, но не сакаме и да останаме наивни будали.  Ни преостанува само да играме некакви споредни улоги и да се преправаме, затоа што не сме сигурни во сопствениот избор. Знам колку е тешко да продолжиш да правиш нешто и да се обидуваш постојано да правиш нови работи кога веќе немаш сила за ништо, а оние оптимистични идеали сега ти изгледаат безнадежни и глупави.

Но, еве што е мојот совет:

Обидете се уште еднаш, со последниот атом сила кој го имате.

Ние го сакаме животот многу повеќе отколку што можеме да замислиме и тоа е факт. Во состојба сме да даваме повеќе љубов, повеќе надеж, повеќе страсти отколку што даваме сега. Сакаме моментални резултати и се предаваме ако веднаш не ги видиме ефектите. Чувствуваме разочарување поради тоа што немаме повратни информации и едноставно престануваме да се обидуваме.

Треба да сфатите дека никој од нас не може секој ден да биде мотивиран. Сите ние се исцрпуваме. Сите се разочаруваме. Сите се уморуваме.

Но, тоа што сте уморни воопшто не значи дека треба да стоите во место. Секој човек кој го почитувате и на кој се огледувате, бил поразен некогаш во животот. Но, тоа не го спречило да ги оствари своите цели.

Не си дозволувајте себеси да се откажете без оглед на тоа што правите, без оглед на тоа дали се работи за секојдневни ритуали или реализација на големи планови.

Кога сте уморни, движете се бавно. Движете се мирно, без брзање. Но, не запирајте.

Уморни сте од сосем објективни причини. Уморните сте затоа што многу сакате да направите и да промените.

Уморни сте затоа што растете и се развивате.

И еднаш, овој раст можеби навистина ќе ве инспирира.