Кога ќе ве разочараат драги луѓе, кога повеќе немате сила и кога животот станува тежок

Овие мудри зборови треба да ги прочита баш секој...

Кога ќе стане претешко, кога си немоќен, кога повеќе нема смисла, кога повеќе немаш сила – ослободи се. 

Кога даваш максимум, а не е возвратено, кога секој следен чекор е чекор поблиску до парадоксот – ослободи се. 

Кога нема иднина во тоа, кога нема веќе убавина, ни радост како порано – ослободи се. 

Само ослободи се.

Затоа што ништо не може на сила. 

Пуштиш и вдишуваш длабоко. Па повторно. 

И го шепнуваш тоа „ослободи се“ секогаш кога работите повторно ќе стануваат тешки. 

Па повторно длабоко вдишуваш и продолжуваш понатаму. Низ животот. Најдобро што умееш. 

Понекогаш најдобро во животот е да пуштиш работите да одат по својот тек и да почекаш некои подобри денови. Некои работи и ситуации не треба да се форсираат. Продолжите понатаму со крената глава, затоа што животот е составен од убави, но и помалку убави моменти.

Важно е да научиме да се носиме со нив...