Кога ќе ти биде потребна помош – научи добро да ги набљудуваш луѓето

Немој да те залажува твојот став за луѓето кој си го стекнал во моментите кога ти било добро, кога си имал пари, кога си имал успеси на сите полиња, затоа што она што луѓето ти го кажувале тогаш и она што го правеле тогаш, го правеле повеќе заради она што си го правел и постигнувал тогаш, отколку заради тебе како личност. 

Кога ќе ти биде потребна помош, научи добро да ги набљудуваш луѓето, затоа што луѓето немаат само едно лице, луѓето имаат уште стотина маски кои по потреба ги користат во различни ситуации. Кога ќе ти биде потребна помош во животот, знај дека нема да ја добиеш од оние од кои највеќе си очекувал помош, оние кои се правеле најголеми алтруисти и хуманитарци, оние кои најчесто зборуваат за пријателство и човечност и користат такви фрази за да ти се стопи срцето од нежност. 

Кога ќе ти биде потребна помош, научи добро да ги набљудуваш луѓето затоа што тука најдобро ќе видиш дека луѓето се разликуваат и дека тие се делат на оние кои ќе ти помогнат без приговори и потценувања и оние кои ќе ти поставуваат совети и ќе бараат некој дополнителен интерес за да ти помогнат. 

Ќе видиш дека они моќните, кои имаат многу, оние кои се преправаат дека се добри, набрзо ќе исчезнат, а ќе остане една шака луѓе кои се навистина твои пријатели. 

Кога ќе ти затреба помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување помешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, а исчезнале без трага, а потоа позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а воопшто не си го очекувал тоа од нив. Тоа сознание може да биде драгоцено. Токму во тој момент ќе откриеш какви се луѓето и тогаш најдобро можеш да ги прочиташ.

Тоа сознание нека ти биде показател за тоа во која насока ќе оди твојата иднина, кои луѓе ќе ги цениш и чуваш како капка на дланката, а од кои ќе заминеш и ќе почнеш нов живот без нив.