Кога ќе се ставиме себеси на прво место, сите нешта доаѓаат на свое место

Почитта кон себеси значи гледање на сопствената вредност, како личност. Таа е поврзана со сакањето себеси и почитувањето на тоа што  ни е потребно, на умот, душата и телото. Голем дел од луѓето се борат со ова, бидејќи не се ставаат себеси на прво место.

Постојат луѓе кои постојано им дозволуваат на луѓето да влегуваат и излегуваат од нивниот живот кога ќе посакаат. Постојат и оние кои никогаш себеси не се ставаат како приоритет и секогаш повеќе се грижат за останатите. Сите тие се луѓе кои не ја гледаат сопствената вредност и кои се чувствуваат како да не можат да побараат почит и љубов од другите луѓе, мислејќи дека не ја заслужуваат.

Постојат и оние кои се свесни за својата вредност, но не можат да ја употребат.

Штом научиме да ги прифатиме своите маани, но и слабости, учиме многу за себеси. Сфаќаме дека не сме и не мораме да бидеме совршени, но дека можеме да се прифатиме себеси онакви какви што сме, да се сакаме и да се трудиме да бидеме подобро.

Важно е да сфатиме дека нештата низ кои сме поминале низ животот не се наша вина. Некои работи се случиле поради лошиот избор на луѓето во нашиот живот, поради нашата наивност, нивната злоба или незаинтересираност за нашите чувства, некои биле резултат на лоши околности. Но, сите тие се важна лекција за нас.

Како другите луѓе се однесуваат кон нас е нешто што не можеме да го промениме. Тоа што можеме да го промениме е како се поставуваме кон нив, и како реагираме на работите кои ни се случуваат.

Не треба воопшто да се плашиме да застанеме позади себеси. Без срам, страв и без вина. Да бидеме свои 100 %. Да ја искористиме својата сила да бидеме гласни против неправдите и болката која ни се нанесува. Да не се плашиме од она што не можеме да го промениме. И, да не се обвинуваме себеси за минатото кое е такво какво што е.

Можеме само да се прифатиме себеси, да се сакаме повеќе и да продолжиме понатаму.