Кога ќе се ослободите од овие три работи, вие сте веќе на чекор до внатрешниот мир

На чекор сте до внатрешен мир кога ќе ги напуштите овие работи:

Старите кукања и изговори

Не може човек секогаш да избере што ќе му се случи, но може да избере како ќе се чувствува после тоа и што ќе направи во врска со тоа. Не треба да ве дефинираат работи од минатото. Не си дозволувајте да бидете роб на кукање и самосожалување. Можеби постои работи кои сте можеле да ги направите поинаку, а можеби и не. Како и да е, тоа е нешто што веќе се случило. Завршете со тоа жалење, тоа е само изговор за она што не сте успеале да го направите. Неуспесите се случуваат поради работите кои не ги правите, поради она што го оставате недовршено и рабоите за кои имате изговори до крајот на својот живот.

Непресушна желба да ги имате сите одговори

Прифатете го чувството дека не знаете точно каде треба да одите и вежбајте да го сакате и цените тоа чувство на слобода. Затоа што само кога сте слободни, можете да ги раширите крилјата и да летате. Важно е да ги отворите вашите крилја! Можеби не знаете во кој правец одите, но знаете дека ветрот ќе ве носи – барем додека ги држите отворени вашите крилја.

Потребата работите да останат исти

Работите се менуваат. Луѓето и околностите доаѓаат и си заминуваат. Животот не запира за никого. Животот се движи брзо. Во една секунда може да стигне од мир до хаос. Тоа секојдневно им се случува на луѓето. Тоа и токму во моментов се случува некому. Понекогаш најкраткиот дел од секундата ја менува насоката на нашиот живот: навидум безопасна одлука го погодува целиот наш свет како метеор кој удира на Земјата. Животот на многу луѓе се превртува наопаку, на подобро или полошо, поради силата на непредвливите случувања.

Во поголемиот дел од времето, промените доаѓаат кога не ги барате, ниту очекувате, но тие се случуваат. Овие промени ќе дојдат и вие не можете да направите ништо во врска со тоа, но важно е што ќе направите откако ќе се случат. И тогаш растете и сознавате кои сте и што сте. Умствениот мир се случува кога ќе се ослободите од работите кои го ограничуваат вашиот раст и среќа. 

И затоа, кога ќе се најдете на прагот, на кривината која делува дека навидум ќе донесе промени, не се противете. Започнете ново поглавје во животот!

Марк Черноф