Кога ќе се изгубиш себеси, нема кој да те пронајде...

Поминаа неколку години откако те изгубив и те заборавив по само три месеци. Поминаа и години и денови како стар износен капут. И љубовта ни остана таква, само што траеше многу пократко од стар капут.

Понекогаш му го слушам гласот, бидејќи работата и понатаму нѐ врзува, кажувам што имам, па си се враќам на својот живот. Некогаш се чудев, а повеќе не се прашувам што ќе ми е да се заљубам, не вреди, некои грешки ги плаќаш многу подолго отколку што траеле.

Беше крај на 2008 година кога улета во мојот уплашен живот. Како срна која му верува на ловецот му дозволив да ме вовлече во мрежата на своите планови, желби и очекувања. А имаше многу повеќе отколку што јас сонував и повеќе отколку што можев да му дадам. Како никогаш дотогаш се заљубив во човек кој беше спротивност од сѐ што дотогаш посакував. Се заљубив и кој ми е виновен за тоа?

„Ти ќе бидеш моја жена, а мојата жена не паркира на јавен паркинг, за неа секогаш треба да има место пред влезот на секоја кафана.“

„Не трескај, каква жена, какво паркинг место, дај ни време да се забавуваме и заљубиме.“

„Душо, јас немам време за тоа. Јас сум сериозен човек, мене ми треба жена.“

И кој може денес да ми е виновен што не избегав уште на овој разговор и што фрлив сѐ што сакав под негови нозе? Никој, освен сама себе. Но, имаше во тие очи некаква добрина, наивност и едноставност, особено во моментите кога ќе дојдеш кај мене неизбричен, со пуканки и ќе ме бакнеше во чело.

Никогаш не знаев кој од тие двајца луѓе сместени во него излегуваше со мене и во кој од нив двајца се заљубив – во оној што беше полн со себе, а празен одвнатре или во тоа едноставно и едноставно момче. Не знам ни на кој од нив двајца јас му се допаднав. Но, знам кој преовлада и со кој се разделив.

Тој беше проклеството на секоја жена: Фин, а животински мажествен, нежен, а всушност вистински грубијан без трошка „осет“. Беше добро истрениран лажго, нему и камелеон би му позавидел, менуваше лица почесто од облека и на секое од тие лица знаеше да му најде совршено место. И во својот, но и во мојот живот. Зборуваше толку слатко што сите отрови и лаги ги претвораше во највкусните нектари и тие беа ужасно опојни за моето срце. А јас? Јас бев слатка мала наивна девојка која лебдеше на облаците кои тој ги уфрли во мојата глава.

Правев работи што не ги правев претходно и што не ги ни сакав. Јас 24 часа бев нашминкана и средена. Јас секогаш бев на готовс за неговите желби. Јас бев сѐ освен јас. И кој ми е виновен за тоа? ЈАС! Толку многу моја вина, толку многу делови до мене во нешто поради кое замалку ќе се изгубев.

Ме предупредуваат, не гледав. Но, кога прогледав, повторно јас терав истата приказна лажејќи се себе со глупави изговори. Некогаш губиш, некогаш добиваш. Но, премногу ќе беше да се изгубев себеси. За среќа, сфатив додека сѐ уште имав време, пред маѓепсаниот круг од неговата претстава да ме вовлече сосема во виорот од кој ќе не можев да се вратам назад.

Како што доаѓаше зимате сѐ повеќе сфаќам дека никогаш нема да се стоплам под ќебето на нашата љубов. Сфатив дека тоа мора да заврши и да остане во годината во која почна. Сфатив дека не сакам новата година да ја почнам со товар на гради. И не го направив тоа. Се разделивме бурно, со кавги, плачење, молби и закани. Кавгите ги започнуваше тој, мои беа солзите и молбите, а негови беа заканите. Кои ги исполни. И кои и ден денес ме следат.

За три месеци благосостојба и проклетство со него, изгубив многу работи кои многу долго ги градев. Ја изгубив довербата на некои луѓе. А најлошо од сѐ, бев на работ да се изгубам себе. И се извадив од памет како никогаш дотогаш. Па затоа, кога бирате мажи, бирајте татковци за своите ќерки и синови, а не проклетство за вашите соништа. Затоа што овие вторите прават да се изгубите себе. А кога ќе се изгубите себеси, никој нема да може да ве најде.