Кога ќе се гласа за недоверба на Владата, ако Мицкоски денеска ја поднесе иницијативата?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека денеска до Собранието ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, доколку премиерот Зоран Заев не ја достави најавената оставка.

Мицкоски посочи дека ќе ја поднесе инцијативата во 14.30 часот.

Согласно собранискиот Деловник, собраниската расправа за изгласување недоверба на Владата, како и гласањето се одржуваат третиот ден од денот на доставување на иницијативата.

Инаку, Мицкоски уште во петокот соопшти дека има новото парламентарно мнозинство кое го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Беса и Левица, но истовремено ги повика и пратениците од помалите партии од владејачката коалиција да бидат дел од новото мнозинство