Кога ќе речам „бурек“, мислам на…

Од картите на светот за се и сешто дојде ред на картата како би изгледал светот според најпрепознатливата храна.

Оваа необична карта на светот е создадена со помош на Гугл. Авторот го корстел пребарувачот, така што внесувал „како се прави…“ Врз основа на првите добиени предлози за секоја земја, ја создал картата „за најпопуларната храна од секоја земја“.

Така, со Канада владее сланината, Америка јаде сирења, Франција е за француски тост, Италија – тестенини, во Германија се јадат палачинки, а Русите се на чај.

На Балканот, интересно, Србија и Босна се препознатливи по питите, а Македонија и Црна Гора по бурекот. Хрватите, како и русите, се по пиењето, но кафе.